27 Април, 2024
0.0283

Дафина Шекутковска вечерва ќе се претстави со самостојна изложба во НЛБ Галерија

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Вечерва во изложбениот простор на НЛБ Галерија со почеток во 20 часот пред пошироката јавност со свои дела на тема „Бифуркации“ ќе се претстави уметницата Дафина Шекутковска. Како професор по физика и математика Дафина ја црпи инспирацијата за нејзините дела токму од овие науки кои го објаснуваат универзумот.

„Математиката е универзалниот јазик на природата. Физиката ја користи математиката како алатка во објаснувањето на природните феномени. А пак уметноста и математиката ја користат геометријата како главно средство за мерење, симетрија и пропорции.

Така, базичната линија на нејзиното творење е нивното испреплетување. Што значи дека нејзината уметност ни овозможува да ги видиме гледиштата на еден физичар кон светот, низ призмата на неговите доживувања и науката. Идејата на Дафина е да ја доближи убавината на науката преку моќта на уметноста кон гледачите.“, ќе рече кустосот на изложбата...

На изложбата ќе можеме да погледнеме повеќе еклектични серии на дела, во стилот на наивата. Таа си поигрува со нејзината силна страна како физичар и нејзиниот емотивен живот. Повеќето дела го отсликуваат научниот дел, а некои пак емотивниот живот и искуствата. На овој начин таа чувствува дека заокружува еден научноимагинативен предизвик.

Шекутковска досега има сработено над седумдесет дела, а со едно од нив учествувала на изложба во Saatchi Gallery во Лондон, а неколку се изложени на DeviantArt.

Изложбата ќе биде отворена до 5 март во период од 8 до 16 часот.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг