ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али
Објавено во: Македонија 30 Април, 2024
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ испрати порака до граѓаните да не го губат гласот така што ќе гласаат за листите кои нема да имаат пратеници.
“Ве замолувам, не го губете гласот. Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али. Гласајќи за опцијата која на 24-ти немаше доволен број за пратеник, ќе гласате за пратеник плус да има ДУИ. Поддржете ја ВМРО-ДПМНЕ за пратеник повеќе, за спас на Македонија!”, истакна таа.