29 Април, 2024
0.0259

Дали човекот по својата природа е вегетаријанец или месојад?

Објавено во: Стил 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Полемиката помеѓу водечките експерти во светот за тоа која храна е идеална за човеково тело сѐ уште е актуелна. Кариологот Вилијам С. Робертс истакнува дека луѓето, според анатомските карактеристики не се суштества кои би требало да јадат месо.

“Мислам дека доказите се прилично јасни, Ако ги погледнете различните карактеристики на месојадите и на тревопасните животни, не треба да сте гение за да сфатите каде спаѓа човекот“, истакнува др. Робертс, главен уредник на The American Journal of Cardiology и директор на Институтот за кардиовасклуларни болести на медицинскиот центар во Далас.

Робертс објаснува дека месојадите имаат пократки црева, околу три пати поголеми од должината на телото, додека тревопасните имаат подолги црева, поради што човекот е поблизок на тревопасните животни. Сепак, оние кои се залагаат за теоријата дека човекот е месојад истакнуваат дека човековите црева, во односот на телото, сепак се поркатки отколку цревата на тревопасните.

Понатаму, и луѓето и тревопасните животни внесуваат витамин ц преку храната, додека месојадите сами ја прават оваа киселина.

Освен тоа, човекот и тревопасните животни имаат мала усна шуплина во однос на главата, додека месојадите имаат голема уста за грабење и убивање на пленот, додава др.Милтон Р.Милс од Комитетот на лекари за одговорна медицина.

Основачот и претседателот на оваа институција др Нил д.Барнард објаснува дека луѓето немаат способност да бидат добри ловци.

“Не сме брзи како мачки, соколи и другите предатори“, вели тој. “Дури со појавата на стрелата, секирата и сличните предмети стана возможно убивањето и заробувањето на пленот.“

Др. Барнарс истакнува дека луѓето започнале да пијат млеко пред околу 10 000 години, значи неодамна, а на многу луѓе и не им одговара. Тројца од десет луѓе се нетолеранти на лактоза.

“Нашата физиологија открива дека не сме еволуирале толку многу за да можеме д конзумираме млеко и после раното детство.“

Меѓутоа , сѐ почесто е прашањето: Дали сме сештојади?

“Очиледно е дека не сме месојади“, истакнува анатомот Џон Мекарди, “но исто така е очигледно е дека не сме ни целосно вегетаријанци, што ќе забележите ако внимателно ги анализирате анатомските, физиолошките и фосилните докази.“

Ако сме строго тревопасни животни, би имале поинакви црева, поинакви заби и желудник, смета овој анатом.