04 Мај, 2024
0.0240

ДАЛИ ФИРМИТЕ ШТО НЕ ВРАЌАЛЕ КРЕДИТИ БИЛЕ НА СДСМ ИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ, Костовски порача - надвор со препукувањата

Објавено во: Финансии 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

И бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, беше денеска на надзорната расправа во Собранието за утврдување на причините кои доведоа до стечајот врз Еуростандард банка. 

Еден од пратениците од опозицијата го праша дали претходниот генерален директор на банката бил близок со високи функционери на Владата, на што Костовски рече дека веднаш ќе одговори со - да. 

Тој доби и прашање дали екс директорот имал средби со тие членови на Владата и нивни бизнис партнери.

Од друга страна, пак, пратеникот Коста Костаднов од СДСМ, рече дека дел од компаниите што Еуростандард банка ги кредитирала без покритие, се партнер на господинот Кристијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. 

На ова Костовски жестоко одговори.

Говорам за организиран криминал, нема тука боја СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, за мене единствена боја е македонска, во која што сакам да живеам мирно, спокојно и безбедно. Затоа вашите препукувања да си ги земете од салата и да ги носите надвор, а не пред мене да се препукувате“, рече Трифун Костовски.

Претходно тој нагласи дека тој организиран криминал не е почнат од пред една година, туку почнато е со години наназад. Костовски посочи дека има три елементи, кои што укажуваат дека одлуките за отворање на стечајната постапка не е исправна, бидејќи претходно состојбата на банката била десет пати полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај.

Тој не се согласи со изјавата на гувернерката дека е направено сѐ банката да не отиде во стечај. „Падот на адекватноста на капиталот кој беше на крајот од март 6,55 е поради вонредната ситуација со која со сила на закон ни беше наметната забрана за присилна наплата. Ние секој месец имавме 2,5-3 милиони евра на тој начин. Вонредната ситуација траеше 97 дена. Со претходна забрана да работиме со физички и правни лица, сето водеше кон влошување на состојбата на кредитното портфолио“, рече Костовски.

„Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете“, рече Костовски.

Тој рече дека не бара негово амнестирање, и дека ќе ја сноси и тој сопствената одговорност. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите