Дали Германија поддржува корекција на границите на Балканот?
Објавено во: Свет 11 Август, 2018
Од германската амбасада во Приштина потврдија дека Берлин се противи на идејата за промена на границата меѓу Косово и Србија, пренесе „RTK Live“.
„Државниот секретар Мајкл Рот и амбасадорот Хелд во разни интервјуа ја истакнаа нашата официјална позиција за дијалогот за нормализирање на односите. Со тоа, позицијата на Владата на СРГ е јасна“- одговорија германските дипломати во Приштина на прашање на Радио Слободна Европа.
Американската амбасада во Белград порача дека е време акциите во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни. Од амбасадата велат дека Белград и Приштина мораат да изнајдат решение кое нема да дојде од страна.