29 Април, 2024
0.1033

ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОВТОРИ ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК - 2008, ќе пукне ли нов балон на светските финансиски пазари?

Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Од утрово на финансиските пазари исчезнуваат милијарди евра. Пазарите на криптовалути повторно се во опасно црвено и многумина веќе се прашуваат: „Дали балонот ќе пукне уште еднаш и дали ќе го гледаме црниот понеделник од 2008 година, кога пропадна светскиот финансиски пазар?“.

Повеќе од 300 милијарди долари се избришани од пазарот во последните денови. Биткоинот денеска падна на и под 21.000 долари, што е пад од 70 отсто во последните осум месеци. Паничната распродажба на крипто-пазарот и утринава го фрли биткоинот во минус од 8 отсто, а по вчерашниот уште поостар пад, кој се искачи на 14 отсто. Повеќе од половина од инвеститорите кои имаат биткоин сега се во минус.

Биткоинот пред една недела беше на 31.000 долари, а сега е за 10.000 понизок. Паралелно паднаа и другите криптовалути. Вчера Ethereum ослабе за повеќе од 12 проценти, а утрово загуби дополнителни 8 проценти.

- Во моментов се пука, без разлика дали се работи за акции, крипто средства или нешто друго. Она што го гледате на пазарот е страв, несигурност и сомнеж - предупреди Нирмал Ранга, шеф за тргување и техничка анализа во берзата за криптовалути ZebPay, пренесува „Блиц.рс“.

Инвеститорите практично се свесни дека инфлацијата сè уште не го достигнала својот врв и дека тоа значи дека централните банки ќе мора да ги зголемат каматните стапки но од друга страна и државите ќе ги заострат своите стимулации. Сето ова заедно „удира“ по глобалниот економски раст и не е сценарио кое е краткорочно, појаснува во анализата „Блиц.рс“.

- За сериозноста на ситуацијата на пазарот на криптовалути покажуваат и потезите на најголемите криптовалути во светот. Компаниите како Целзиус и Бајнс прекинаа по неколку повлекувања на биткоини, а некои компании дури и затворија. Очекуваа дека ваквите потези би можеле да го стабилизираат нивниот бизнис и да ги ублажат падовите што ги забележавме вчера, но се уште нема позитивни знаци. Напротив. Азиските берзи изутринава се под притисок, петти ден по ред. Најголемата светска берза е под притисок од петокот, кога беше објавено дека инфлацијата во Америка расте за 8,6 отсто годишно, што не е забележано повеќе од 40 години - се додава во анализата.

Инвеститорите сега стравуваат дека ФЕД ќе биде поагресивен од очекуваното во заострувањето на монетарната политика и дека повторно ќе почне да ги зголемува каматните стапки.

Претходно, Европската централна банка објави дека ќе ги намали субвенциите за економијата на еврозоната во јули и ќе ги зголеми клучните каматни стапки за прв пат од 2011 година со цел да ја заузда инфлацијата. Поскапувањата во еврозоната, инаку, се на рекордни нивоа од околу осум отсто во просек.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?