16 Мај, 2024
0.1268

Дали Македонија ќе биде втората Турција во ЕУ?

Објавено во: Анализа 03 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Марјан Шифтар поранешен амбасадор на Словенија во Македонија во интервју за Фактор вели дека се надева оти Македонија нема да чека на преговорите со ЕУ како Турција. „Ги знаеме тие околности, ги знаеме различните ставови, кои се поврзани со почетокот на преговори со Турција за влез во Европската Унија. За жал Македонија девет години чека преговорите за членство во ЕУ да започнат, тој период е абсолутно предолг. Не би било добро ако и Македонија биде насочена на истиот пат каде што е Турција. Но, Брисел води веќе пристапни преговори со Црна Гора која што покасно го доби статусот на земја кантидат, вели Шифтар. Фактор: Госпoдине Шифтер, од 2003-2007 година бевте амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. Од денешна временска динстанца  како ја оценувате македонската европатланска перспектива? М.Шифтар: Што се однесува до вашето прашање, перспективата на Македонија остана непроменета, европски. Треба да се земе во предвид за жал фактот дека целата светска, глобална криза и ситуацијата во Европската унија, околности кои за жал негативно влијаат и на понатамошното ширење на Европската унија. Меѓутоа процесот на ширење на Европската унија не е завршен. Тоа го потврдува фактот дека нашата пријателска Република Црна Гора е речиси во втората фаза од преговорите за зачленување во ЕУ. Но што се однесува до пријателска Република Македонија лично мислам дека предолго време трае почетокот односно договарањето кога ќе започнат преговорите. Република Македонија доби статус на кандидат уште во времето на мојот амбасадорски мандат во Република Македонија, во декември 2005 година ако добро паметам. Поминаа речиси 9 години и разговорите за влез не се ниту започнати. Лично мислам дека не би требало да има  никакви пречки кои можат да бидат причина за понатамошно одолговлекување. Мислам дека би било крајно корисно и позитивно, конструктивно, во сите погледи да тие формални разговори што поскоро започнат. Фактор: Дали Македонија ќе биде втората земја по Турција која уште долго време ќе остане во чекалната за старт на преговроите со ЕУ ? М.Шифтар: Ги знаеме тие околности, ги знаеме различните ставови, кои се поврзани со почетокот на преговори со Турција за влез во Европската Унија. За жал Македонија девет години чека преговорите за членство во ЕУ да започнат, тој период е абсолутно предолг. Не би било добро ако и Македонија биде насочена на истиот пат каде што е Турција. Брисел води веќе пристапни преговори со Црна Гора која што покасно го доби статусот на земја кантидат. Вистина е дека во случајот на Црна Гора нема некои околности кои се пристуни во Македонија, но тие по мое тврдо убедување не се и неможат да бидат причина за понатамошно пролонгирање на почетокот на преговорите. Фактор: Премиерот Груевски вели дека расположението за постигнување на некакво решение е на најниско ниво, а полош партнер за Македонија, од сегашната грчка Влада не може да има. Од друга страна, неговиот грчки колега Самарас обвинува дека македонската Влада води националистичката политика не допринесува во градењето на добрососедската политика. Како во една ваква ситуација кога  двете страни имаат дијаметрално спротивни позициии и меѓусебно се обвинуваат може да се постигне компромис? М.Шифтер: Вие добро знаете како и сите ние и е општо познато дека Република Македонија и соседната пријателска држава Грција пред многу години потпишаа билатерален договор тоа е меѓународен документ со кој меѓу другото беше многу јасно договорено дека  соседна Грција на никаков начин не смее да ја попрепречува Република Македонија и нејзините обиди за пристапување кон Европската унија, НАТО и другите меѓународни организации и тоа го услови со решавањето на спорот со името. Мој  став е дека мора на Грција да и се укаже дека тој договор треба да се почитува. Конкретно по мое длабоко убедување е не оправдано какво било попречување на Република Македонија од страна на Грција во намерата  да ги започне  преговорите за влез во Европската унија или во други организации само заради билатералниот проблем за  името. Не основан е ставот кој што го имаат властите во Атина и од кој не отстапуваат  со што и формално не овозможуваат да ги започнете преговори за пристапување во ЕУ. Ваквата грчката политика не може со ништо да се поткрепи и на крај е штетно и за самата Грција и таа блокада објективно никако не означува некој конструктивен пристап кон поголема стабилност и развој на регионот. Ваквиот пристап на Грција не придонесува како и повремените провокации од македонските власти со одредени нејзните постапки не придонесуваат во  градењето на подобри пријателски,  деловни и меѓу човечки односи меѓу двете земји. Фактор: Иако Македонија  се уште не е дел од европското семејство, колку според Вас нашите  производи се конкурентни на европските пазари?  М.Шифтар: Тоа го утврдува пазарот. Тоа зависно од пазар до пазар. Република Македонија има релативно големи можности за пласман на своите производи на европскиот пазар. Така да прашање е присутноста на македонските производи на европскиот пазар е зависно од тоа дали се и дали не се исполнуваат европските стандарди и нормативи и потоа секако дали се доволно конкурентни односно доволно пазарно интересни за пазарот односно купувачите во членките на Европската унија. Конректно мислам дека бројни производи, прехранбената индустрија и други индустрии кои можат да бидат особено интересни за купувачите во рамката на Европската унија. Оризот од Македонија, доматите од Македонија само ги спомнувам како примери, се многу препознатливи и ценети и пазарно интересни брендови надвор од Македонија. Исто така голем број на винарии од Македонија тоа го потврдуваат со се поуспешен пласман, продажба на македонските вина исто така на пазарот на Европската унија дури и пошироко. Значи македонските производи имаат заради историските и свои објективни причини голем потенцијал, но секако мора да се задоволат така како што словенските така и било кој други барања, нормативи и стандарди на европскиот пазар. Г.Ч.