19 Мај, 2024
0.0293

Дали македонската „мала Швајцарија“ ќе се претвори во оголени терени?

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Повторно имаме пожари во Источна Македонија, во околината на Берово, место кое и лани беше жариште.

Но, луѓето кои таму живеат велат дека иако овој регион од Македонија многумина го нарекуваат „мала Швајцарија“, ако вака продолжи ќе останат само оголени терени. Локалните жители сведочат дека со пожарите претходно се направени штети кои ја уништија природата која се развивала цел еден век. Изгореа дрвја стари и по 100 години. Павлина Тренчевска, претседателка на Еколошкото друштво „Солза“ од Пехчево објаснува дека утрово во нивното гратче не се чувствува мирис на чад, локацијата каде гори е подалеку, и вели дека дури и да има минимално и моментално загадување на воздухот поради пожарите, тоа е ништо во споредба со сите други штетни ефекти и последици.

„При горење на дрва доаѓа до мало загадување на воздухот поради чадот, но тоа не е ништо во споредба со други извори на загадување, хемикалии, и слично. Се уништува природата, а со тоа растителниот, и животинскиот свет. Многу животни лани изгореа, за другите нема храна потоа, а кога ќе изгори шумата, потоа имаме високи температури, промена  на климата. Лани изгореа дрвја стари по 100 и повеќе години кои ни останале од бабите и дедовците. Изгореа стебла кои сум ги садела на пример како ученичка, кога сум имала 15 години, а сега имам 50, значи поминало време додека од нив да се создаде шума и тоа е жална слика“, вели Тренчевска.

Жителите на Берово кажаа дека пожарот е далеку од градот, и мирис на чад засега не се чувствува. Но, велат, слабо учиме од грешките.

„Ние не ја научивме лекцијата, а се прават ненормални штети, и ако се утврди дека навистина е во прашање човечки фактор, треба тоа ригорозно да се казни“, додава жителка на Берово.

Еден полициски хеликоптер од изутрината интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион. Како што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, хеликоптерот од воздух почнал да дејствува од 5 часот. Вели дека сега на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, а пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

Гореше и во делчевско, но локализиран е пожарот помеѓу делчевските села Разловци и Тработивиште. Лани во овој дел од Македонија, Австријци, Словенци, Бугари, Срби, дојдоа на помош за да помогнат во гаснење на големите шумски пожари.

Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), лани во периодот јуни - септември имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума. 

Сања Атанасовска

фото Фејсбук Звонко Пекевски

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“