26 Април, 2024
0.1147

Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, FINANCE THINK - Институтот за економско истражување и политики - Скопје, на пресконференција  Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи? Ги претстави резултатите од истражувањето “Одржливост на македонскиот државен долг“.

Со брзо растечкиот тренд на задолжување на државата, темата на одржливост на Македонскиот долг стана примарен фокус на економската дебата. Оваа анализа, со помош на економетриски модели земајќи ги предвид клучните карактеристики на Македонската економија, го проценува одржливото ниво на Македонскиот државен и јавен долг под различни макроекономски претпоставки.


Резултатите на студијата покажуваат дека, врз база на истражувања повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на Македонскиот државен долг се движат помеѓу 41% од БДП и 48,7% од БДП. Аналогно, земајки ја во предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг границите на одржливост на Македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51% и 51,9% од БДП.

Со ова, моменталното ниво на Македонскот државен и јавен долг се сеуште во одржливи рамки но се движат кон границата на одржливоста. Имено, иако простор за нови задолжувања постои, поголемиот дел на фискалниот простор е веќе искористен.

Главните препораки кон кои креаторите на политиките би требало да се насочат се: финансирање на исклучиво продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор, целосно елиминирање на непродуктивните тековни трошења, додека растот на тековните трошења за плати во јавна администрација, пензии и социјални трансфери треба да се усогласат максимално со номиналното ниво на раст на економијата. Дополнително стабилизација на деловното институционалното и правното окружување ќе доведе до подобрување на кредитниот рејтинг, кој би довел до намалување на премијата за ризик на државата и воедно пониски каматни стапки на задолжувањата во иднина. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти