26 Април, 2024
0.0264

Дали македонските куќи и станови ќе бидат интересни за странците?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Иако државјаните од земјите од Европската унија веќе пет години имаат одврзани раце да купуваат куќи и станови во земјава, тие ретко се среќаваат како сопственици. Ова го воочиле и во Владата по што се донесе мерка за симнување на бариерите кои ја попречуваат можноста за инвестирање. Досега странски државјанин кој ќе купи имот во Македонија можеше да добие туристички престој од најмногу 3 месеци, што ја намалувало можноста за инвестирање во земја во која нема постојан престој. Соња Јованова Наумовска Но, дали само временските бариери се единствениот проблем за странците да купат имот во Македонија? Во Владата сметаат дека со новите законски измени ќе се зголемела атрактивноста на понудата. „Се очекува дека веќе во почетокот на следната година би имале првични влезови на капитал во оваа дејност затоа што и при многубројните посети што се правени од страна на владините претставници или пак информациите што ги добиваме од економските промотори говорат дека Македонија е атрактивна за странците за купување имот, куќа или стан“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада. Агентите за недвижности тврдат дека во земјава, куќи и станови купуваат само домашни лица или македонските иселеници, оти Македонија не била атрактивна земја за странци да купуваат станови и куќи. “За деловен простор можеби им се исплати да купат оти имаат и некои бенефити и ослободувања, но не гледам причина зошто некој Германец или Французин би зел државјанство во земјава за да купи имот. Може само да накалемиме луѓе кои бегаат од некои закони да можат да најдат засолниште во земјава. Друго беше еуфоријата во Бугарија пред неколку години, таму купуваа пензионерите од ЕУ кои начекаа евтини станови покрај море. Странците прават споредби и пресметки, така што дисбалансот на цените, на пример, во Охрид и во Бугарија е јасно видлив“, вели Сашо Поп Илиев, од агенцијата за недвижности Хепинес. Охрид се очекуваше да биде дом на многу странци, но... Уште во 2008 година, кога и се донесе иницијативата за изедначување на домашните со странските државјани, кога станува збор за купување недвижности во земјата, првичното мислење беше дека најголем интерес ќе има за туристичките места околу Охридското Езеро, што требаше уште толку да ги подигне цените на недвижностите. Но, по неколку години реалноста  е сосема поинаква. Во Охрид,  странци, речиси и да не се интересираат за купување имот. “Лошо е што кај нас законот за либерализација на пазарот на недвижности се донесе откога веќе секаде во регионот беше донесен. Таква регулатива ни требаше уште кога се војуваше во регионот а не кога странскиот капитал веќе влезе во Црна Гора, Бугарија и сл. Лично јас преку мојата агенција имам само една куќа продадено на странец и толку. Се друго е мешан брак и печалбари и тоа е многу логично оти зошто некој странец да купи куќа или стан до Охрид кога нема автопат до градот. Доволно е еден снег да падне и отсечени сме целосно “, вели Венко Наумоски од агенцијата за недвижности Можности од Охрид. Никој официјално не води евиденција колкав процент недвижности поседуваат странците во земјава. Според пресметките на агенциите за недвижности, едвај 1% од куќите и становите се во сопственост на странски државјани. Најавувајќи ја либерализацијата на пазарот на недвижности пред речиси пет години, министерот за финансии, Зоран Ставрески, изјави дека очекува поголем девизен прилив во градежништвото и во туризмот. Тогаш се најавуваше и интернет- портал, на кој ќе се најдат сите атрактивни локации и објекти ,како и напуштени објекти, каков што веќе постои во Хрватска. Но, либерализацијата и низата законски измени во градежништвото предизвикаа интерес кај странците единствено за купување земјиште со цел да инвестираат во изградба на трговски центри и хотели, но и во станбени комплекси. Странците добија дозвола да купуваат имот во земјава уште во 2008 година Со донесувањето на одлуката во 2008 година Македонија стана трета земја од Балканот, по Бугарија и Црна Гора, која го либерализира пазарот на недвижности за земјите- членки на Европската унија. Словенија, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка тоа го направија пред неколку години. Руси и Англичани најбројни во Црна Гора и Бугарија Од земјите во регионот, во Црна Гора имот најмногу купуваат инвеститори од Норвешка, Австрија, Русија и од Словенија.

Бугарија пак, во првите години од либерализацијата на пазарот на недвижности привлече повеќе од 300 милиони евра од тоа што странци купуваа недвижности. Најчести купувачи таму се Британците, државјани на Луксембург и на САД.  

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија