Дали нападот во Барселона ќе отвори политичка пандорина кутија?
Објавено во: Свет 20 Август, 2017
Се поставува прашањето дали нападот во Барселона ќе влијае на политичката иднина на Каталонија.
Референдум за автономија на регионот ќе има на 1 октомври.
Во нападот со комбе загинаа 13 лица, а над 100 беа повредени.
Уште на почетокот на годината ИСИС се закануваше дека ќе ги нападне познатите туристички места во Шпанија.
ИСИС ја презеде одговорноста, а жртви се претежно туристи.
Во средата на патиштата имало контроли, а ден подоцна се случи нападот.
Се јавуваат сомнежи дека полицијата нешто знаела, а шпанската и мароканската тајна служба тесно соработуваат.
Досега имаше контрола на илегалното доселување во Шпанија, но сега поради тврдиот став на Либија кон мигрантите и бегалците, притисок има врз Мароко и секој ден на плажите во Андалузија стигнуваат по стотина бегалци.
На сите им е јасно дека Каталонија има проблем со безбедноста, а на тоа предупредија и весниците.
Антитерористичката единица која постои во регионот долго не ги следи упатствата од Мадрид.