ДАЛИ САД ЌЕ ГО ПРЕЖИВЕЕ ТРАМП? Бафет вели 100%!
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016
Американскиот милијардер Ворен Бафет кој го критикуваше Доналд Трамп во текот на кампањата, е оптимист кога се работи за иднината на земјата.
Бафет оценил дека пазарот на акции долгорочно ќе расте без разлика на изборниот резултат.
На прашањето дали верува дека Трамп навистина ќе го отфрли Северноамериканскиот трговски договор (НАФТА) , помеѓу САД, Канада и Мекиско, Бафет вели дека се сомнева во таквиот исход, со напомена дека во кампањата многу од тоа се кажува што воопшто не се реализира после изборите.
А колку е отпимист Бафет кога се работи за иднината на САД, рекол: „100%“.
„Пазарот функционира добро. Не за секој, но гледајќи воопшто, добро функционира“.