19 Февруари, 2018
0.4668
    ALK 7932.13    -0.83%     CKB 600    15.38%     GRNT 810.5    -1.16%     KMB 3397.19    2.23%     LOZP 2400    14.29%     MPT 29500    0%     MTUR 4200    0.02%     OKTA 3600    -2.7%     RMDEN16 94.8    0%     RZIT 20    0%     RZLV 50    -5.66%     SLAV 3600    -40.98%     TETE 2236.02    3.04%     ZPKO 2812    -1.22%

Дали Венецијанската комисија ќе ја реши „двојазичноста“

Објавено во: Анализа 27 Ноември, 2017

Законот за употреба на јазиците подолго време се користи како политичка алатка од која најмногу доби ДУИ со тоа што на последните избори се прикажа како се уште моќна партија која се грижи за албанските интереси во Македонија, но и СДСМ со тоа што покажа дека е подготвена за компромиси и унапредување на етничките права во државата. 

Сепак, најспорните елементи од предлог законот како тие за двојазични банкноти на македонскиот денар или пак на униформите на македонската полиција и армија се најдоа пред Венецијанската комисија која треба да одлучи дали истите се во согласност со македонскиот Устав и дали може да продолжат во редовната постапка за изгласување на законот.

Венецијанската комисија инаку е советодавно тело при Советот на Европа каде Македонија е полноправна членка. Советот на Европа е една од најголемите организации која се занимава со заштита на човековите права, унапредување на етничките права, владеење на правото и слични принципи, но секако мислењата и оценките на Венецијанската комисија не се обврзувачки бидејќи нема правен механизам за нивно спроведување во државите кои се членки или кои се под надзор. 

Членови на Венецијанската комисија се професори по уставно право, како и поранешни видни правници, односно уставни судии и членови на сродни гранки. Членовите ги именува државата членка на Советот на Европа со мандат од 4 години, но тие не ја претставуваат државата од која потекнуваат туку делуваат како поединци и заедно со останатите членови на комисијата. 

Главната идеја за формирање на Венецијанската комисија во 1990 година беше да им пружи правна помош во реформите на пост-комунистичките земји, но таа фаза е веќе надмината и улогата сега е насочена кон давање мислења и оценки за владеењето на правото и почитувањето на уставните начела.

Клучен документ на Советот на Европа во поглед на заштита на етникумите е Конвенционалната рамка за заштита на националните малцинства која е прифатена и ратификувана од страна на Република Македонија за што се вршат и оценки и извештаи. 

Засега се уште се чека на одговор од Венецијанската комисија за конкретните членови од Законот за употреба на јазиците кои доколку бидат прифатени како такви ќе може да се вментат како амандамани во предлог законското решение. Сепак, дебатата за законот за јазиците е одложена откако и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан посочи дека не е приоритет во реформскиот процес на Македонија и не е услов за позитивна препорака на ЕК за почетокот на преговорите за членство во ЕУ при што порача побрзо да се завршат преземените обврски. 

И натаму носењето на законот носи политички дилеми во Македонија и има спротиставени ставови околу тоа во кои институции на државната управа ќе се користи, дали албанскиот јазик ќе стане втор службен јазик при што де јуре би добиле двојазичност на целата територија или пак ќе стане втор официјален јазик за комуникација со институциите за граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Негативното мислење на Венецијанската комисија за предлозите за двојазични пари и униформи нема да го спречи нивното носење во Македонија но, секако ќе испрати суштинска порака дека не се во согласност со Уставот што ќе донесе свои ефекти и во Советот на Европа. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Дали е време Лилјана Поповска да се повлече од политиката?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Манифести, меморандуми, апели - Кој би ги прекинал преговорите за името?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Дали фан клубот му направи услуга на Заев и ПР тимот на Владата?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Кој го искривува Советот за реформи на правосудството на Заев?

Грција цели кон Горна Македонија без превод, каде се нашите позиции?

Грција цели кон Горна Македонија без превод, каде се нашите позиции?