20 Мај, 2024
0.4491

ДАЛИ ВИ СЕ ВЕРУВА: Милиони луѓе гладуваат во земјата на Ким Џонг Ун?

Објавено во: Свет 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Падна производството на храна во Северна Кореја, каде гладуваат милиони луѓе.

Обединетите нации денеска алармираа за овој проблем. Тие предупредија дека производството на храна во Северна Кореја минатата година паднало на најниско ниво во последните 10 години, односно дека милиони луѓе во земјата се гладни. 

На 3,8 милиони луѓе од вкупно 25 милиони итно им е потребна хуманитарна помош, во вредност од 120 милиони долари, објави агенцијата „Ројтерс“.

Северна Кореја со децении наназад се бори со хроничен недостиг на храна поради дисфункционалниот државен систем за споделување оброци и меѓународните санкции наметнати кон земјата поради нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Лани Пјонгјанг повика на општа битка против големиот топлотен бран, предупредувајќи ја својата мисија при ОН во Њујорк за криза поради недостиг на храна.

Овој топлотен бран, но и бројните тајфуни и поплави, минатата година довеле до намалување на приносот од девет отсто во споредба со 2017 година.

Северна Кореја  и во минатото имала сериозен недостиг од храна, а најтешко било во 1990-тите. Во тие години, иако нема официјални информаиции, се верува дека речиси десет отсто од населението умрело од глад.

Земјата има кратки, дождливи лета, а секое лето има и тајфуни. 

По падот на Советскиот Сојуз, проследен со неколку природни непогоди  државата се соочила со голем глад, што резултирал со смрт на 900.000 до 2 милиони жители.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети