19 Мај, 2024
0.0332

Дане Талески: Оние кои ја произведоа политичката криза неможе да бидат креатори на новата Влада!

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Победата на СДСМ во изборната битката за Теарце потврди една поширока констатација -дека најголем дел од јавноста сака промени во Македонија, и се надевам дека составувањето на владата ќе ја следи оваа јасно искажана волја на граѓаните- вели за Фактор, универзитетскиот професор Дане Талески. Според него е незамисливо, како за домашната, така и за меѓународната јавност, истите луѓе кои ја произведоа кризата во Македонија со нивното десетгодишно владеење, сега повторно да состават влада и да ја водат државата. Кризата вели  е резултат на нивните политики, а ако тие пак дојдат на власт, додава Талески,  може да се очекува кризата само да продолжи и да се продлабочи.

“Станува се поочигледно дека ВМРО-ДПМНЕ нема меѓународна поддршка да продолжи да ја води Македонија, откако резултатот од изборите покажа дека домашната поддршка за нив е стопена. Ова најмногу се однесува лично на Никола Груевски, и неговиот најблизок круг на политички сојузници, против кои има отворено многу истраги во СЈО. Политичката ситуација и без тоа е фрагилна. Подолг период се наоѓаме во политичка криза, која има различни амплитуди. Добро е што изборите беа релативно мирни, а атмосферата можеше и требаше да биде подобра, во смисла дека изборите не беа баш фер и демократски, имаше доста пропусти и проблеми како и во претходни изборни циклуси. Реториката која политичките процеси ги именуваше како војни, битки дополнително ја милитаризираше  политичката ситуација во Македонија”- додава политикологот Талески.

Работата на СЈО според универзитетскиот професор  е најдобрата шанса Македонија  да се извлече од кризата. Не само што работата на СЈО мора да продолжи, туку вели таа треба да се засили и процесите да добијат соодветна судска разрешница. Според Талески крајно е неетички и неморално да претендирате да извршувате највисоки државни функции, додека против вас се водат истраги за најтешки злоупотреби на моќ и политички функции, здружување за организиран криминал, корупција.

“Не сум сигурен дека има моментална правна колизија, во однос на истрагите кои се покренати против одредни лица и нивниот моментален ангажман во политика. И од таа позиција доаѓа критиката од надвор, од довчерашните сојузници и пријатели на партијата, дека ВМРО-ДПМНЕ мора да помине низ процес на внатрешни промени и реструктирања. Тоа се добронамерни совети за партиските членови, и колку побрзо го започнат тоа толку подобро ќе биде за нив”- потенцира професорот Талески.

Острата реторика на ВМРО-ДПМНЕ преку прогласот за директно мешање на дел од амбасадорите и меѓународната заедница во внатрешната политика на земјава и дека ги прекинуваат сите преговори и ткн "хибридни" решенија предизвика серизна нота на загриженост кај домашната и меѓународната јавност. Ова, вели политикологот беа очајни потези направени во ситуација на страв и паника.

“Идејата на Груевски и неговите најблиски соработници е дека тие можат да се спасат само со продолжување и разгорување на кризата. Нивната идеја да се вратат на власт е да го затворат или укинат СЈО, да ги затворат нивните политички противници, критичките медиуми, и критичките невладини организации. Во тоа го гледаат нивниот спас. Од друга страна, меѓународната заедница, примарно САД и ЕУ, сакаат да има подобрување на демократијата и државата да биде посветена на Евро-Атлантските реформи, или на кратко да се спроведат итните реформски приоритети посочени во извештајот на Прибе. Јасно е дека спроведувањето на итните реформски приоритети ќе го деконструира авторитарниот режим што го изгради Груевски - и затоа тој излегува со критики кон амбасадорите и да бара да не се мешаат. Но, мора да се каже дека критиките, тонот, а посебно морбидните слики со кои беа пропратени само дополнително ги запали црвените сијалички кај амбасадорите и нивните матични земји. Јавноста мора да знае дека критиката или напад на амбасадор (а вербалниот напад е само вовед или провокација, за не дај боже физички напад) не е само лична раобта, ами е акт на агресија кон државата која ги пратила”- нагласува универзитетскиот професор.

Ниту еден амбасадор во Македонија, додава Талески,  нема своја агенда или лична мисија. Секој работи според инструкции од својата држава, и амбасадорите уживаат максимална поддршка од нивните влади. Изјавите и критиките на Груевски кон амбасадорите според него  не можат ништо суштински да сменат во Македонија, но  можат само дополнително да ги радикализираат неговите поддржувачи, и како вели дополнително придонесуваат кон тоа Груевски да ја изгуби меѓународната поддршка.

“Мислам дека е јасно дека Македонија беше  лидер во регионот на патот кон ЕУ и НАТО, а сега се наоѓа на опашката. Се разбира дека ветото од Грција имаше негативно влијание и дополнително го успори и компликува нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Но паралелно со тоа, и како оправдување, Македонија загази во еден темен авторитарен период. Се надевам дека во идната 2017 година ќе почнат работите да се менуваат на подобро. Но мора да кажам дека тоа најмногу ќе зависи од составот на идната влада. Доколку биде истиот состав како и пред изборите, тогаш мислам дека не чека уште потешка и полоша година во која политичката криза ќе има многу нови амплитуди”- порачува универзитетскиот професор  Дане Талески.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража