06 Мај, 2024
0.0245

Данецот што ја распарчи новинарката Ким Вол осуден на доживотен затвор

Објавено во: Свет 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Данeцот Питер Медсен е осуден на доживотен затвор без никаква шанса за добивање условна казна. 

Нему му се судеше за убиството на шведската новинарка Ким Вол што се случи на неговата подморница.

Медсен планирал да ја убие г-ѓа Вол(30) или со задушување или со пресекување на грлото, соопшти судот во Копенхаген.

Нејзините расфрлани остатоци биле пронајдени во морето од страна на данската полиција на 21 август минатата година, 11 дена откако таа го интервјуирала Медсен на неговиот брод.

Медсен (47) изјави дека ќе поднесе жалба против пресудата.

Тој беше прогласен за виновен за убиство со умисла и сексуален напад, откако претходно призна дека го распарчил телото на Вол фрлајќи ги остатоците во морето.

Неговото тврдење дека смртта на г-ѓа Вол била случајна, билo отфрлена од страна на судот.

Што се случило?

Г-ѓа Вол истражувала приказна за вложувањата на данскиот пронаоѓач Медсен и последен пат била  видена вечерта на 10-ти август, кога отишла со него на неговата 40-тонска подморница, UC3 Наутилус, во водите надвор од Копенхаген.

Нејзиното момче следниот ден се уплашило, бидејќи таа не се вратила од патувањето.

 Мадсен бил спасен откако неговата подморница потонала истиот ден. Полицијата верува дека тој намерно го срушил бродот.

Осакатениот торзо на г-ѓа Вол бил забележано од страна на велосипедист на 21-ви август, но нејзината глава, нозе и облека, спакувани во вреќи, не беа откриени од страна на полициски нуркачи  сѐ до 6-ти октомври.

По неговото апсење, Медсен даде различни извештаи за тоа што се случило.

На почетокот на неговото судење минатиот месец, обвинителите изјавија дека има сомневање дека тој има "психопатски тенденции" откако истражувачите откриле филмови на неговиот компјутер покажувајќи жените коишто се мачени и осакатени.

извор: BBC

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра