29 Април, 2024
0.0281

Данев: СДСМ не успеа на мала врата да си ја турка агендата од Тиранската платформа

Објавено во: Македонија 07 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ вчера не успеа да изврши пуч во Собранието и со прекршување на Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, да го одземе најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор и дискусија.

Од партијата сметаат дека СДСМ не успеа вчера да спречи дискусија и на мала врата да си ја турка агендата од Тиранската платформа што ја прифати само за да дојдат на власт и да не одговааат за криминалот што го направија.

„Ваков дрзок обид за одземање на правото за збор на пратениците досега е невиден во Собранието на Република Македонија. Ова не преставуваше само обид да се замолчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, туку претставуваше обид да се спречи да се слушне гласот на повеќе од 454.000 граѓани кои својот глас на последните парламентарни избори го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Ова претставуваше и обид да се игнорираат и да не се слушне мислењето и на оние 200.000 граѓани кои што секојдневно протестираат на улиците и кои што апелираат нивните ставови да бидат јасно, гласно и прецизно кажани во Собранието. Деловникот за работа на Собранието е многу јасен и прецизен. Согласно член 80, став 2 на Деловникот претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. Ова не може да биде прекршено под ниту едни услови. Ова не смее да биде прекршено поради нечија политичка желба или намера на било кој пратеник. СДСМ на овој начин со грубо газење на демократијата, Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието сакаат да побегнат од дебата за постизборната политичка измама која што ја направија со прифаќање на Тиранската платформа“ - вели  Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. 

Додава дека СДСМ не сака во Собранието да се дискутира за намерите за воведување двојазичност, промена на банкнотите или униформите. Не сакаат да се дискутира за обврската која што ја преземале за промена на знамето, грбот и химната. Не сакаат да се дискутира за намерата да донесат декларација за геноцид врз Албанците, објаснува Данев. 

„Не сакаат да се дискутира ниту за навредите и негирањето на македонскиот идентитет или водењето на државата кон федерализација и бинационалност. СДСМ како многупати досега сакаат да ги сокријат работите надевајќи се дека граѓаните нема да видат какво предавство на Република Македонија и е извршено. Намерата на СДСМ да избега од дебата за Тиранската Платформа нема да им помине“ - додава Данев. 

Упатуваат апел никој да не се обидува да применува ниту политичко, ниту ефективно насилство во работата на Собранието на Република Македонија, да се смири нервозата и да дозволи процедурите да си течат така како што досега секогаш во согласност со Деловникот на Собранието на Република Македонија течеле. 

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево