Давидовиќ: Со инцидентите во Собрание треба да се занимава и „организиран криминал“
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2017
Јавното обвинителство и натаму предметите за инцидентите во Собранието ги води под правната квалификација „учество во толпа“, што е најблага форма на кривично дело од сите можни други кривични дела кои беа извршени врз пратениците, како што е обид за убиство, напад на службено лице, па дури и заговор за насилно рушење на законодавната власт.
- Прв пат Обвинителството не може да го сокрие случајот, целата јавност го виде и беше шокирана, па мора да ги замачка очите со оваа срамна квалификации. Излегуваат и кажуваат јавно дека се работи за организиран настан и затоа треба да се вклучи и одделот за организиран криминал, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за ТВ 24.