26 Април, 2024
0.0259

Дефектолог-логопед: На децата не им требаат паметни телефони туку посветени родители

Објавено во: Стил 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Родителите често паметните телефони и таблети им ги даваат на своите хиперактивни мали деца како би ги смириле, меѓутоа експерти советуваат дека на тој начин смирувањето сепак го избегнуваат, а прочитајте и зошто.

Експерти веќе ги предупредуваат родителите на можни штетни последици по развојот на децата, доколку поголем дел од слободното време го поминуваат пред екранот на компјутерите, телевизори,мобилни телефони или таблети, а последните истражувања докажуваат дека последици за развојот на детето може да бидат сериозни и тешко поправени во покасни возрасти.

Истражување од Американската академија на педијатри при неодамнешен извештај потврдило дека бебето кое користи мобилни телефони и таблети покажува доцнење во говорот, објаснува дипломиранот дефектолог-логопед Драгана Филиповиќ, истакнувајќи ги наводите дека посебно треба да се посвети внимание на бебе на возраст од шестиот месец до втората година од животот.

„Бебињата на оваа возраст кои поминуваат време пред екрани покажуваат потешкотии во прозборувањето, именување на објекти, формирање на реченици. Бројот на зборови кои ги имаат во својот вокабулар, во споредба со нивни врсници, е значајно под просекот за возраст. Многу родители посегнуваат по таблет или мобилен телефон како средство за смирување на малите палавковци или како би им го одвлекле вниманието и сервирале здрава, но не така омилена храна. Меѓутоа оваа стратегија, многу често не се покажува како добра бидејќи предизвикува дополнителни проблеми“, предупредува Филиповиќ.

Наведува, меѓутоа дека и мајките и татковците се најдобар учител на децата во рана возраст.

„Затоа е неопходно родителите, бабите и дедовците, да поминуваат повеќе време со бебињата, и купувањето на таблет да го одложат по третиот роденден“, заклучува Филиповиќ.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти