19 Мај, 2024
0.0263

Дел од пепелта на Маркес останува во Картагена

Објавено во: Стил 23 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Дел од пепелта на колумбискиот писател и нобеловец, Габриел Гарсија Маркес ќе остане во историскиот пристанишен град Картагена во Колумбија, каде тој ја почна  писателската кариера.

Членови на семејството на Маркес, пријателите и локалните жители присуствуваа на откривање на бронзената статута на авторот, која е сместена во колонијалниот манастир во Картагена. Бистата е посtавена вра камен во кој е положен дел од пепелта на Маркес. Остатоткот на пепелта ќе остане во Мексико, каде писателот живееше со децении и почина во 2014 година.  Картагена e  местото каде се случува дејството во еден од најпродаваните романи на Маркес, „Љубов во време на колерата“.

Семејството на колумбискиот писател и натаму ја одржува куќата крај брегот на морето во Картагена во која тој живеел, како и Фондацијата за обука на новинари од Латинска Америка. Маркес беше еден од најпознатите писатели на шпански јазик. Автор е на голем број книжевни дела, а меѓу најпознатите се „Сто години самотија“, која е продадена во повеќе од 50 милиони примероци и преведена на над 25 јазици.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“