Делови од Карпош утре без струја
Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2013
Корисниците од повеќе улици во општина Карпош утре ќе останат без снабдување со електрична енергија поради изведување зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во поеридот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Букурешка“, „Париска“ и „Варшавска“, од 9 до 15:30 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од зградата бр.64 на булеварот „Партизански одреди“, а од 9:30 до 10:30 часот, корисниците од улицата „Козле“ бр.52, 52 б, 52 в, 52 г, и 50.
Од 10 до 12 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од Ново Село лоцирани на улица 4 и улица 2, од 13:30 до 15:30 без струја ќе биде и дел од улицата „Леринска“, а од 13 до 16 часот струја ќе нема и на улиците „Арсеније Јовков“ и „Ѓурчин Кокале“.