26 Април, 2024
0.0257

Демографија по Ракомет: Бразилците најбројни, Ислаѓаните најдолговечни, Македонците…учесници!

Објавено во: Анализа 15 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Бразил е најголемата држава, Јужна Кореја е најгусто населена, а  во Исланд и Австралија мажите најдолго ќе живеат. Во пресрет на Светското првенство во ракомет за мажи што ќе се одржи во периодот од 11 до 27 јануари 2013 година во Шпанија,еве ги основните демографски податоци за земјите-учеснички на првенството, а според податоците кои ги изнесува Државниот завод за статистика. Вкупно население и густина Според последните процени на населението (состојба 30.06. 2011 година), во Република Македонија има 2 058 539 жители, а густината на населението изнесува 80.1 жители на км2. Од земјите-учеснички, најмногу население има Бразил, 190 755 799 жители , а најмалку Исланд , 318 006 жители. Најгусто е населена Јужна Кореја со 502 жители на км2 , а најретко се населени Австралија со 2,9 и Исланд со 3,1 жители на км2. Наталитет и морталитет Во Република Македонија стапката на наталитет изнесува 11,1 живородени на 1000 население. Највисока стапка на наталитет има Египет со 30,4 живородени на 1000 население, а најмала Германија со 8,1 живородени на 1000 население . Највисока стапка на морталитет имаат: Белорусија со 14,3 лица и Србија со 14,1 лице на 1000 население, а најниска Катар 1,2 лица на 1000 население. Стапката на општиот морталитет во Република Македонија изнесува 9,5 лица на 1000 население. Природен прираст Како резултат на намалувањето на стапката на наталитетот и зголемувањето на стапката на општиот морталитет , во групата на 24-те земји-учеснички негативен природен прираст имаат: Белорусија, Хрватска, Германија, Унгарија, Русија и Србија. Стапката на природен прираст во Република Македонија е позитивна и изнесува 1,6 лица на 1000 население. Очекувано траење на животот Според очекуваното траење на животот, мажите најдолго живеат во Исланд и Австралија, 79,5 години, а жените во Шпанија, 84,9 година. Според истиот показател, мажите најмалку живеат во Русија, 62,8 години, а жените во Египет, 71,4 години. Во Република Македонија, очекуваното траење на животот за мажите изнесува 72,7 , а за жените 76,9 години.