19 Мај, 2024
0.0279

Демолирана планинарската кула на Титов Врв

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт” објавија дека непознати сторители ја демолирале внатрешноста на планинарската кула на Титов Врв.

На увидот присуствувал и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарски спортови. 

Членовите на овој клуб во изминатите години ги носеле материјалите за опремување на кулата и ја знаат висината на материјалната штета.

-Кулата е вандализирана во периодот измеѓу 8 и 18 декември 2022 година. Направена е голема штета од ванадлизирањето, изјави Зија Јонузовски, секретар на клубот.

Убидот покажал дека е запалена една шпер табла, агрегат за струја од 3 киловати, има искршени стакла и рамки за прозори.. Изгорени се материјали и алати, уништени се метална маса и две метални клупи планирани за приземјето во Кулата. Украдена е и  батериска бормашина вредна 5 000 денари.

Со насилни удари е оштетена трпезариската маса на вториот кат како и опремата од соларниот панел.

Целосната санација ќе се реализира наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“