17 Мај, 2024
0.0264

ДЕНАРИТЕ СЕ ВРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ – во декември раст за дури 150 милиони евра

Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Денарите се вратија во македонските банкарски канали. Овој заклучок може слободно да се извлече ако се погледнат најновите податоци што ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат дека само во декември лани, во домашните банки влегле нови заштеди во денари од базата на домаќинствата за дури 150 милиони евра!

Да одиме со ред, што всушност покажуваат најновите бројки на централната банка.

На крајот на декември лани, во домашниот банкарски сектор кој брои 13 банки, граѓаните и компаниите чувале близу осум милијарди евра.

Односно, на крајот на декември вкупните депозити во банките биле на ниво од 7,992 милијари евра.

Во однос на еден месец претходно, тоа е зголемување за дури 202 милиони евра, односно во октомври во однос на ноември.

Да ги погледнеме заштедите на домаќинствата, главниот мотор на штедењето и клучните извори на депозити на банките.

Овде треба да се напомене дека штедните влогови на граѓаните од пред неколку месеци ја надминаа границата од пет милијарди евра, достигнувајќи на крајот на декември лани сума од 5,25 милијарди евра. Во однос на ноември тоа е зголемување за близу 139 милиони евра, што е причично солиден месечен пораст.

Но, она што е прилично фасцинантно и охрабрувачки е дека во декември всушност растеле само денарските заштеди, наспроти оние во странска валута, каде е регистрирано дури и намалување.

Или, податоците на НБМ покажуваат дека на крајот на декември лани денарските влогови достигнале износ од 2,52 милиони евра, што е пораст за дури 148 милиони евра во однос на претходниот месец.

Додека, пак, кај штедните влогови кои се чуваат во странска валута и кои сеуште се на вкупна поголема сума од денарските, во декември минатата година било регистрирано намалување, за 9,5 милиони евра.

Ова значи дека во декември 2022 година, не само што во банките влегле нови 139 милиони евра како влогови во денари, дадени на доверба на банкарскиот сектор, туку и 10 милиони евра се конвертирале од евра во денари.

Денарските влогови со сегашната сума од 2,52 милијарди евра, се дури поголеми и во однос на декември 2021 година, кога војната во Украина и не беше ни започната, што практично значи дека се вратиле на предвоеното ниво.

Како што е познато, Народна банка на Македонија во повеќе наврати ја зголеми основната камата, а презеде и серија мерки со цел токму да се стимулира денарското штедење, односно банките да даваат повисоки камати на денарските штедни влогови.

Тоа и беше причина што банките ги зголемија во неколку наврати каматните стапки на денарските депозити, а заедно и со успешните пораки на НБМ дека девизниот курс на денарот е стабилен, вроди со плод и веројатно тоа се главните причини што граѓаните, односно домаќинствата, ги вратија своите штедни влогови во банките во домашната валута.

Тоа следува откако неколку месеци претходно, особено откако почна војната, а инфлацијата драматично се зголеми, граѓаните беа сензитивни и повлекуваа од своите денарски заштеди во банките, за што улога секако и изигхра вложувањето на пари во станови, што, пак, драстично го поскапе станбениот квадрат, особено во главниот град на земјава.

Сепак, каматние стапки на депозитите сеуште се ниски и дестимулативни за штедачите, особено ако се направи споредба со далеку повисоките камати на кредитите кои ги одобруваат банките.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници