05 Мај, 2024
0.0244

ДЕНЕС Е НАЈПОТРЕСНИОТ ПРАЗНИК: Зошто верниците се колнат во Вера, Нада и Љубов?

Објавено во: Стил 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога,  да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме денешниот ден.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Њубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа врлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.