19 Мај, 2024
0.0250

Денес се слави Светецот кој одбил да служи воен рок, бидејќи не сакал да убива Христијани!

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Православните верници денес го одбележуваат денот на Свети Јерон (во поедини западни цркви познат и како Сеи Евген), светец кој е мачен и убиен затоа што одбил да служи воен рок во Римската армија и што јавно заговарал христијанство.

Јерон е роден во градот Тијани, а од рано детство морал сам да се грижи за својата слепа мајка.

Кога Римјаните почнале да ги сообираат граѓаните на служење воен рок, Јерон одбил да се појави. Се плашел дека слепата мајка без него наскоро ќе умре, а воедно не сакал со оружје да убие било кој, посебно не христијани на кои тогаш редовно им организирале прогони.

Јерон поради одбвивањето да служи воен рок е уапсен, а судијата му изрекол смртна пресуда. Преданијата велат дека во ќелијата пред извршувањето на казната му се јавил ангел кој му рекол дека „Не мора да се грижи бидејќи нема да му служи на царот земски бидејќи го чека вечен живот во небесното царство“.

Во знак на сеќавање на Јерон и уште 33 маченици .

Денеска се слави и света маченица Тесалоники, Свети Лазар Галасиски, Свети Александар и Свети Григориј.

 

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“