04 Мај, 2024
0.0236

Денес славиме Светец кој може да направи нешто страшно ако го налутите!

Објавено во: Стил 19 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Верниците денес го слават Светиот Тома, еден од дванаесетмината големи апостоли и еден меѓу нив кој не го криел своето сомнение во Христовото Воскресение. Низ тоа негово неверување, добивме нова потврда на тој чудесен настан, бидејќи воскресителот Господ им се јавил на учениците да го увери Тома , со зборовите: „Пружи ја раката своја и допри ги ребрата мои, не биде неверен туку верен. На тие зборови Тома извикнал „Господ мој, Бог мој“. Овој настан кој се случил, ја потврдува вистината за воскресението Господово, бидејќи Тој навистина воскреснал и им се јавил на своите ученици, но не како привидение, туку во исто тело во кое настрадал заради наше спасение. После вознесението на Господ Христос на небото и слегувањето на Светиот Дух на апостолите, тие фрлале коцка да одлучат каде и кој ќе оди да проповеда. На Светиот Тома му паднала коцка да оди во Индија и иако бил тажен успеал да преобрати многу народи во христијанската вера, да востанови Црква и да постави свештеници и епископи. Кнезот Муздије, на кој апостолот Тома му ги крстил жената и синот Азан, им наредил на своите војници да го убијат овој Свет Апостол, и тие да го избодат со копја. Но пред смртта, и со него се случило исто како и другите апостоли, кои со некоја чудесна сила биле пренесени во Ерусалим за да присуствуваат на погребот на Пресвета Богородица, Дева Марија. Задоцнувајќи на погребот, апостол Тома горко заплакал, и на негова молба бил отворен гробот на Света Пречиста Дева Марија, но нејзиното тело не било во него, бидејќи Господ го зел телото на неговата Мајка и го преселил во Царството небесно. Дали случајно или со намера, апостол Тома бил изберен прво со своето неверување да ни ја потврди и утврди верата во воскресението Христово, а потоа и да ни го открие чудесното прославување на Мајката Божја. Се верува дека Свети Тома моќе да донесе друг потоа ако се налути, но бидејќи го надгледува Пресвета Богородица, тоа нема да биде наскоро. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите… Се верувало дека тој штити од волци. Најважното е дека  на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.