Денес сончево и потопло од вчера, попладне можен пороен дожд
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022
Oвој четврток не очекува сончево време. За разлика од вчера, денеска ќе биде потопло. Попладнето од УХМР најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи во западните и дел од источниот регион. Дневните максимални температури ќе се искачат до 26 степени. Времето утре: Променливо облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Викендот што ни претстои не очекува прилично стабилно и суво време.