Денес сончево, какво време нѐ очекува во следните три дена
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2022
И овој четврток временската прогноза носи сончево и пријатно време кое ќе биде за нијанса потопло од вчера.
До 34 степени целзиусови ќе се искачи максималната дневна температура а УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде сончево а ќе дува и умерен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.
Метеоролозите најавуваат зголемување на облачноста а во недела е можна локална нестабилност која ќе биде проследена со дожд, грмежи и силен ветер.