Денес сончево, пороен дожд можен во овие региони
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022
Метеоролозите за денес најавуваат постабилно време. Ќе биде потопло од вчера но ќе има и краткотраен пороен дожд со грмежи во некои делови од државата.
Како што соопштија од УХМР максималната дневна температура ќе се искачи до 30 во Скопје, 33 во гевгелиско , 27 на истокот и нешто под 25 степени во западниот регион.
Постабилно време нѐ очекува од среда.