26 Април, 2024
0.0260

Денeс задолжување, утре раздолжување, решение или краткорочен излез од беспарицата!

Објавено во: Финансии 05 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата со ново задолжување на домашен терен. Денеска, преку две одделни акукции, од банките и претпријатијата планира да собере цели 118,5 милиони евра. Станува збор за две одвоени аукции на тримесечни записи со денарска и со девизна клаузула. Во исто време, веќе во среда, по основ на доспеани записи државата треба да врати 110,1 милион евра. По порамнувањето во буџетската каса би останале 8,4 милиони. Задолжувањето на домашен терен преку државни записи, но и со обврзници почна поинтензивно уште во второто тромесечје од 2012 та година. Анализата покажува дека вкупниот внатрешен долг на Централната Влада, заклучно со декември изнесува 932 милиони евра. Драматичен пораст има кај задолжувањата што се спроведуваат токму преку акуција на државните записи и обврзници. Така, 2012 та година  започна со долг што по основ на записи тежеше 373,5 милиони евра, а завршила со долг 805,2 милиони евра, што претставува зголемување за повеќе од двојно. Ако пак се анализира структурата на вкупното внатрешно задолжување – бројките укажуваат дека дека има намалување на  трошоците за отплата на Обврзницата за приватизација на Стопанска Банка, се намалува и ратата за отплаќање на  Обврзницата за денационализација, додека Обврзницата за санација на Стопанска Банка и Обврзницата за Старо Девизно штедење се целосно исплатени. Трендот на пораст на внатрешното задолжување во најголем дел отпаѓа токму на директните владини задолжувања преку продажба на записи. Задолжувањето преку државни хартии од вредност лани беше еден од клучните извори за финасирање на тековните буџетски трошења. Токму внтрешното задолжување придонесе за пораст на вкупниот Јавен долг на Централната Влада, кој во декември достигна 32,1% од Бруто Домашниот Производ. Оваа стапка на јавен долг е една од највисоките што е измерена во последните шест години. Иако и со стапка на задолженост од 32,1 отсто, Македонија останува во групата на средно задолжени земји, експертската јавност предупреди дека проблематични остануваат две прашања: по која цена се задолжува економијата и каде завршуваат парите од кредитите. Со објавување на јануарските податоци, на страната на надворешниот долг треба да се прокнижи “намалување“ што ќе биде  резултат на раздолжувањето на Еврообврзницата од 175 милиони евра. Но наскоро, исто така на страната на надворешниот долг ќе треба да се ефектуира новиот кредит од 250 милиони евра од Светска Банка и од Дојче Банк. Токму трошењата на државата и новото задолжување од 250 милиони евра беа причините за ескалација на состојбата во Собранието, кога на 24 декември, при усвојување на новиот Буџет за 2013 та година, опозицијата беше исфрлена од собраниската сала, а владеачкото мнозинство за 20 тина минути го усвои новиот Буџет, а со него во пакет и планот за финасирање на буџетскиот минус во државната каса. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат