03 Мај, 2024
0.0298

Денеска е Денот на жената - 8-ми март: Нерамноправни и по повеќе од еден век

Објавено во: Македонија 08 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на жената како дел од борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените и мажите.

Овогодинешниот празник се одбележува во светло на пандемијата на коронавирус и војната во Украина, па не е сигурно каде ќе се одржат сите манифестации.

Меѓународниот ден на жената се слави на 8 март ширум светот, во спомен на демонстрациите на американските работници во Чикаго во 1909 година и маршот на повеќе од 15.000 жени во Њујорк, кои бараа пократко работно време, подобри плати и право на глас.

Денот на жената е востановен на Втората меѓународна конференција на социјалистичките жени, на 8 март 1910 година во Копенхаген, на иницијатива на Германката Клара Цеткин, тогашниот лидер на женското работничко движење.

За прв пат беше одбележан во 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и Данска, кога повеќе од милион жени и мажи присуствуваа на митинзи барајќи жените да гласаат на избори, да им се дозволи да извршуваат јавни функции и да имаат право на работа и стручно образование.

Демонстрации на работници се одржуваа во речиси сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година и ширењето на Првата светска војна.

Главното барање беше европските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Идејата за празникот е покана до сите да придонесат за елиминирање на дискриминацијата на жената во теорија и практика, но и апел до властите да се погрижат политиката што се води да биде во согласност со потребите на жените.

Меѓународниот ден на жената стана повод да се прослави она што жените го постигнаа во општеството, политиката и економијата.

Политичките корени на денот значат дека се организираат штрајкови и протести за да се укаже на нееднаквоста која сѐ уште е присутна.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите