Денеска и утре нестабилно, од понеделник пресврт со временската прогноза
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017
И денешниот ден ќе ни помине со чадор поради нестабилното време кое почна од утрово.
Четвртоков ќе биде дожделив со облачно време. Најмногу дожд денеска се најавува за западниот регион, а врнежите ќе бидат изразени и во истокот и осоговијата.
И температурите ќе бидат доста посвежи во однос на вчера. Дождот нема да престане и утре.
Слично време и нов бран на врнежи ќе има и во петок а локално утре се очекуваат врнежи над 30 литри.
За викендов веќе се најавува и стабилизација која ќе почне во саботата.
Во сабота и недела температурите ќе се движат околу 22 до 26 степени.
Веќе од наредната температура Македонија ќе падне под топол бран и кончено времето ќе се стабилизира.
Температурите кои се најавуваат се од 27 степен па до 30.