19 Мај, 2024
0.0351

Денеска се поднесува интерпелација против Талат Џафери во Собранието

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и, како што смета најголемата опозициска партија, за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.


„Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“ изјави вчера ленката на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.


На тапет на Џафери му се ставаат пцостите со кои, според аудио снимката, тој вршеше притисок врз службита во Собранието, и како што смета ВМРО-ДПМНЕ, го омаловажуваше нивното достоинство. За тоа, не им се извини на службите и рече пиеле кафе низ градот кога требало да бидат на работа.

„Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт“, додаде Стојаноска.

Климаксот се случи кога пратеници на оваа партија минатата недела се пожалија дека спикерот ги држи заклучени во пленарната сала за да не може други колеги да влезат и да се јават за збор. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тоа било диктатура и кривично дело за кое се лежи затвор.

Претходните интерпелации на ВМРО-ДПМЕН за тогашниот поранешниот вицепремиер Љупчо Николовски и поранешниот министер Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции;

На Џафери му се замерува и тоа што не го употребувал македонскиот јазик во излагањетопред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија.

Од партијата додаваат дека не очекуваат интерпелацијата да биде изгласана, но велат - добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на спикерот.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична