Добивај вести на Viber
Професорката Билјана Ванковска, на фејсбук постави прашање околу Рамковниот договор.
„ Денот кога е потпишан Рамковниот договор не е празник, но е обврска да се промисли: дали Македонија оди напред? Дали е ова (позитивен) мир? Дали има/нема дискриминација? И каква? Има ли соживот? Дали е ова унитарна и граѓанска држава? Дали сме се соочиле со минатото, со цената платена во човечки животи, раселени и исчезнати, итн.? Месец дена порано, да потсетам само“, напиша таа.