26 Април, 2024
0.0264

Денот на вљубените, време на жетва на бизнисот со цвеќе

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Оваа недела, како резултат на големата побарувачка за денот на вљубените се продава рекордна количина на цвеќе во светот. Денот на вљубените Свети Валентин е времето за финансиската жетва на бизнисот со цвеќе. Многу малку луѓе знаат дека една ружа купена од цвеќарница во Македонија, може да е одгледана во Еквадор, пренесена со авион на најголемиот цветен пазар во Холандија, од каде е откупена на големи, транспортирана до македонскиот аеродром и чувана во ладилник за да не овене. Според информациите на белгиската информативна агенција BTC, од истражувањето на европскиот пазар на цвеќиња, од 2010 година само увозот на цвеќе за букети и на растенија во саксии во земјите на ЕУ изнесува околу 3,3 милијарди евра, а со  2,9 милијарди евра годишно,  Холандија е најголемиот извозник на овие производи. Холандија обезбедува 88% од вкупната количина на свежи цвеќиња цвеќињата и 58% од цвеќиња во саксии наменети за европски клиенти. Во последните години Белгија се втора држава во Унијата по вредност на извоз, што е делумно е резултат на зголемените количини на цвеќиња од Африка, кои влегуваат во ЕУ, преку белгиските аеродроми. Рајот на цвеќињата Во холандскиот град Алсмијар, на 13 километри југозападно од Амстердам, се наоѓа најголемата берза на цвеќиња во Европа, сопственост на компанијата FloraHolland. Во деновите пред Свети Валентин таму се купуваат и продаваат над 100 милиони рози, 100 милиони лалиња, 100 милиони други цвеќиња и уште 20 милиони растенија во саксии, покажуваат податоците на официјалниот сајт на FloraHolland. Дел од цвеќињата се наменети за домашниот пазар, но поголемиот дел се извезува преку холандски трговски посредници. Свети Валентин се слави низ цела Европа, но најмногу во Германија, Велика Британија и Франција. Овие три земји се и најголемите купувачи на холандските цвеќиња. Берзата во Алсмијар нуди 20 000 различни видови цвеќарски производи, а најмногу барани за Свети Валентин се розите и лалињата во нијанси на црвено и розово. На трето место се хризантеми, и од нив се продаваат околу 23 милиони парчиња. Други цвеќиња за кои има побарувачка за време на празникот на вљубените се гербер, крин,, перуника (ирис) лизиантус и други Годишниот промет на берзата во Алсмијар е 4,2 милијарди евра, а за 12 месеци таму се продаваат 12,5 милијарди парчиња цвеќиња. Осумдесет и три проценти од продаваните цвеќиња во светот се одгледуваат во Холандија, Колумбија (главен снабдувач за САД), Еквадор и Кенија. Над 73% од сите цвеќарски производи се увезуваат од САД, Велика Британија, Холандија, Германија и Франција покажуваат податоците на Indiana Public Media

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти