03 Мај, 2024
0.0259

Десет сајтови кои ќе ви бидат од голема корист во интернет светот

Објавено во: Стил 07 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

 Доколку го читате овој текст значи дека користите интернет, што понатаму значи дека ќе ви помогне барем една ставка од нашиот список. Не мора да бидете експерт за техника и интерент како би си го олесниле животот и работата.

1.Unroll.me- Ги знаете оние иритантни, безпотребни, досадни ‘email newsletter' на кои се пријавивте, а кои повеќе не ви се интересни? Може да го употребите Unroll.me за да го прочистите својот инбокс од непотребните реклами во емаилот.

unrollme

2. Canva- Немате многу искуство со PhotoShop, а сакате да правите убави слики за вашата Фејсбук страница или Pinterest. Пробајте ја Canvu.

3. Upwork- Сакате некој да ви напише блог пост на одредена тема, да направи кампања на социјалните мрежи или нешто трето? На Upwork ќе најдете најдобро freelancer од цел свет.

4. Fiverr-Апсолутно се што може да ви падне на памет и потреба со почетна цена од пет долари.

5. Buffer- Знаете и сами како може да биде напорно кога водите повеќе Фејсбук страници, Твитер, Инстаграм, Пинтрест страници? Често настанува целосна конфузија кога се качи нешто на било која мрежа и слично. Затоа употребете го Buffer и олеснете си ја работата.

buffer

6. Slack- Ако имате тим со кој секојдневно работите, Slack е одличен алат за интернет комуникација. Можете да направите групи, да праќате директни пораки, фолдери, слики и така натака.

7. Trello- Организација, планирање дескови, закажување и друго. Многу лесно е да се следи кој што работи кога почнете да користите Trello.

8. Google Drive-  Колкупати ви затребал документ кој сте го заборавиле на компјутерот на работа? Со овој програм може да пристапите на вашите документи откаде и да било, без грижа за безбедноста на вашите податоци.

9. Pocket- Често се случува да најдеме интересни текстови онлајн кои немаме време да ги прочитаме веднаш. Ставете ги во Pocket  со помош на еден клик и прегледајте го подоцна кога стигнете.

10. About.me- Ваш сајт во само неколку кликови. Тој е како лична карта во онјалн светот. Не ви треба посебно знаење да се претставите на социјалните мрежи во неколку кликови.