17 Мај, 2024
0.0349

Десетина занаети исчезнаа за една деценија, и уште толку ќе ги снема во иднина

Објавено во: Економија 18 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Десетина занаети исчезнаа во рок од една деценија, а на уште толку им се заканува исчезнување во иднина.

Кристина Дојранлиева, жена од Гевгелија која се занимава со поправка на чевли и има дуќан, раскажува дека 90-те биле убави години и од овој занает можело да се прехрани семејство, а денес не е така и ќе биде уште полошо.

Откако на македонскиот пазар се појавија кинески обувки, веќе на граѓаните не им се исплати да ги поправаат чевлите. Ако порано влегувале по 10-15 муштерии дневно, денес имам само 2-3 за лепење на чевли, нешто основно. Од овој занает веќе не може да се живее, туку само да ги покриеме трошоците. Ако споредам, 1994 година беше најдобра година, имаше доста работа. Порано имав и вработени, а сега работам сама“, рече Дојранлиева.

Таа додава дека во градот имаат два дуќани за поправка на чевли, но не е сигурна дека во иднина ќе опстанат.

Вели дека дополнително и корона кризата придонесе да им се намали обемот на работа, што за нив претставува финансиски удар.

Анета Атанасовска, извршен директор на Занаетчиска комора Скопје вели дека има повеќе занаети кои се на раб на изумирање. Нив ќе ги снема затоа што граѓаните не ги купуваат нивните производи.

„Исчезнати занаети во последната деценија се ткајач, волновлачар, казанџија, јажар, самарџија и други занаети. Имаме занаети кои се на работ на изумирањето поради намалена побарувачка за нив на пазарот како на пример ковач, крзнар, шапкар, јорганџија, папуџија и други. Причината за немањето интерес за овие занаети е затоа што интересот за купување на овие производи воопшто го нема. Во наредниот период им се заканува исчезнување на следните занаети папуџија, јорганџија, ковач, шапкар, поправка на чевли, часовничар и други, една од причината за изумирањето на овие занаети е немањето интерес кај младите луѓе да ги вршат погоренаведените занаетчиски дејности. Бројот на занаетчии запишани во регистарот на занаетчии што го води Занаетчиска комора Скопје изнесува 1.900 активни занаетчии. Не можеме да предвидиме точна бројка на активни занаетчии во наредниот период, но  во иднина очекуваме бројката на занаетчии да се зголемува затоа што има голем број на занаетчиски дејности од областа на занаетчиското производство, занаетчиски услуги и домашно и уметничко ракотворење  кои што се неопходни за секојдневното живеење“, вели Атанасовска.

Дел од занаетчиите додаваат дека со својот труд и работа, преживуваат од ден на ден, но тоа не носи стабилност и сигурност.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА