ДЕСТИНАЦИЈА БЕЗ КОРОНА: Со овој адут ќе привлекуваат туристи
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Мај, 2020
Летово Црна Гора ќе се промовира како дестинација без корона.
Земјата ќе гради имиџ на туристичка дестинација без опасност од коронавирус.
Во интервју за „Дневне новине“, директорката на туристичката заедница, Жељка Радак Кукавичиќ рече дека верува дека почетната фаза од закрепнувањето на туризмот ќе почне во јули.
Таа вели дека во светот нема да има многу дестинации без присуство на коронавирус.
„Според процените на еминентни здравствени експерти, победници во досегашната криза се земји кои се блиску до искоренување на вирусот, а меѓу нив е и Црна Гора, за која се предвидува дека ќе биде една од првите светски зони без корона“, рече Кукавичиќ.
Се подготвува протокол, што ќе се применува во хотелите, приватното сместување, угостителските објекти и плажите со цел да им се обезбеди на туристите максимална безбедност. Ќе мора да се држи растојание, ќе се внимава на распоредот на масите во рестораните, лежалките на плажа и слично.
Во последните две недели во Црна Гора од коронавирусот се разболеа само три лица.
Црна Гора долго време немаше инфицирани, додека другите земји од регионот се бореа со епидемијата.Претходно, од Црна Гора имаше најави дека откако кризата ќе заврши во Италија, тие ги очекуваат Италиајанците како туристи.