ДЕТЕ НА МЕСЕЧИНАТА: Оливер страда од тешка алергија на сонце
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
Оливер Кеи (7) од Калифорнија е дете коешто е алергично на сонце и поради тоа тој мора да носи пластичен визир секојпат кога излегува надвор.
На 18 месеци му било дијагностицирано реткото генетско нарушување xeroderma pigmentosum (XP), откако на бебешката кожа му се појавиле темни дамки.
Децата со ова нарушување често се нарекуваат и „деца на месечината“ затоа што можат да излезат надвор незаштитени само кога сонцето ќе зајде. Нивната кожа не може да ја поправи штетата што ја создаваат сончевите зраци.
Неговите родитело мора да преземаат големи мерки и тоа на секојдневно ниво за да може нивното дете да има колку-толку нормален живот.
На прозорците во нивниот дом има специјална заштита.Тој вели: „Сакам кога е темно, затоа што конечно можам да ја тргнам целата заштита од мене и да си играм слободно и чувството е одлично.“
Ако седи на сонце незаштитен на неговата кожа ќе се појават дамки, брчки, а можно е и рак на кожата.