02 Мај, 2024
0.0254

Детроит е предупредување за светот, американската економија пред голем предизвик

Објавено во: Анализа 18 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Кога пред три години, Грција падна во финансиски проблеми, проблемот наскоро се прошири и во другите европски земји. Многу од нив се прашуваа како може една мала земја да активира цела континентална криза. Грците се карактеризира како нација на даночните затајувачи која живее живот на висока нога со позајмени пари. Португалците, Италијанците и Шпанците инсистираа повторно на фактот дека нивните финансии се чисти, додека Германците беа прашани што значи ова и штп да се направи со нив? Сега, се чини, според лондонски Економист, и Америка е во слична состојба на негирањето на тоа дека Детроитскиот стечај нема да влијае на економијата на земјата. За своето богатство Детроит може да се заблагодари само на една индустрија - автомобилската. Џенерал Моторс, Форд и Крајслер, познати и како „Детроитската тројка“, некогаш овде ги произведуваа речиси сите автомобили продадени во САД. Сега, "благодарение" на конкуренцијатаод земјите надвор од САД, нивниот удел на продажба се преполови. Долговите кои градот ги трупаше за време на богатите години го направија тоа мал и сиромашен. Падот на Детроит е аларм и за фискалната ситуација во земјата. Всушност, во многу градови и држави во САД, стана невозможно да се финансираат пензиите и здравствено осигурување, што и се случи во Детроит. Ова е само еден пример на она што може да се случи ако премногу долго се одложуваат реформите во јавниот сектор. Американските држави, како по правило, своите граѓани ги исплаќаат во делот на пензиите врз основа на стаж и последната плата, а парите се обезбедени од фондкови утврдени за оваа намена. Сепак, според државните проценки, од овие фондови може да се покрие само 73 отсто од вкупниот износ за пензиите.  Во некои држави ситуацијата е многу полоша, па овој процент паѓа под 48%. Според последните проценки за кои пишува Економист, вкупната дупка во буџетот наменет за пензии во САД е 2.7 милирарди долари или 17 отсто од БДП на земјата. Ова, сепак, не дава вистинска слика за ситуацијата, бидејќи не ги вклучуваат трошоците за здравствено осигурување за пензионерите. Во случајот на Детроит, сумата за здравствено осигурување на граѓаните (5,7 милијарди долари) за речиси две милијарди долари го надминува недостатокот на пари за пензии. А зго на се, проблемот се продлабочува со среќниот тренд, а тоа е дека Американците сега живеат подолго. Чистење на нередот во локалната и државната управа сигурно ќе потрае некое време. А добар почеток е и пресудата на судијата во Детроит дека новиот федерален закон за стечај го побива државниот закон дека пензиите не смеат да се намалуваат. Многу градови како Детроит нема да бидат во можност да ги задржат своите ветувања, и со оглед на големината на "црната дупка" во буџетот, државата или федералната влада ќе треба да дојдат и да помогнат. Факт е дека целиот американски јавниот сектор се уште работи како утопија, пишува Економист. Тој нуди голем број права, а не постои вистински план за нивна исплата. Сето ова го носи на рамена приватниот сектор, а Детроит е само симптом на многу поголема болест.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад