28 Април, 2024
0.0283

Децата читаат сè помалку: Недостасува врска помеѓу читањето и академските достигнувања

Објавено во: Стил 12 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Децата денес читаат помалку отколку пред неколку години, бидејќи слободно време го користат за други активности, покажува најновото истражување на британскиот Национален фонд за писменост, кое е спроведенао меѓу 21 000 деца и младинци.

Студијата исто така покажува дека децата денес малку читаат не само книги, но и стрипови, списанија и сајтови, а и оние кои сакаат да читаат се срамат од своите пријатели да бидат видени со книга во рака.

Истражувањето покажува дека половина од испитаниците изјавиле дека се радуваат да читаат, но повеќето (54%) се оние кои се повеќе сакаат да гледаат телевизија, отколку да читаат во слободното време.

Од групата на децата и младите кои сакаат да читаат, повеќе се оние кои сакаат фантастика (47,8%), што е помалку од 2005 година, кога 51,5% од нив сакаат да читаат романи.

Истражувањето исто така покажува дека 57% од испитаниците сакаат да читаат "обоени весници", што е значителен пад, ако се земе предвид дека во 2005 година уделот на оваа популација беше 77,5%. Половина од испитаниците читаат и веб-сајтови, а во 2005 година веб-сајтови се читале 63,8%. Кога станува збор за стрипови, истражувањето покажува дека од читање стрипови се заинтересирани 27,9%, што исто така е значителен пад, ако се земе предвид дека уделот на оваа група во 2005 година беше 50,6%.

За децата и младите читањето е од исклучително значење, ако се земе предвид научниот доказ дека постои тесна врска помеѓу читањето и академските достигнувања.

"Фактот дека децата читаат помалку отколку во 2005 година дава алармантни сигнали за навиките за читање кај децата и младите луѓе", вели шефот на фондот, Џонатан Даглас.

Потребно е да ја мотивираме новата генерација да чита на начин сличен на оној со кој Олимпијадата инспирира прифаќање на спортот. Читањето треба да се направи неодоливо.

"Треба да ги повикаме семејствата и професионалците кои работат со деца, да помогнат за да можат децата да одделат барем 10 минути на ден за читање", нуди Даглас.

 Направете нешто и терајте ги децата да се хранат читајќи.

Читањето нè збогатува, нè опушта, ни го развива умот... Оваа корисна активност малку е подзаборавена и ставена во втор план, за сметка на телевизијата и компјутерите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти