30 Април, 2024
0.0237

Deutsche Telekom очeкува консолидација на секторот во Европа

Објавено во: Анализа 29 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Европските телекомуникациски компании треба да го искористат моментот за да се консолидираат, ако сакаат да се исправат помеѓу меѓународната конкуренција, смета главниот извршен директор на Deutsche Telekom AG Рене Оберман. „Сега е најпогодниот момент за консолидација“, вели Оберман во интервју за Bloomberg во Дизелдорф. "Треба да се мисли од гледна точка на 10-, 15-, 20-годишен период", вели Оберман Европските компании од секторот станаа достапни за проголтување за странските инвеститори, откако цените на акциите се намалија минатата година пред се поради предизвиканото намалаување на цените од регулаторните органи и намалениот економски пораст. America Movil SAB на Карлос Слим реши годинава да го купи Royal KPN NV – напор кој пропадна минатиот месец откако поранешниот холандски телефонски монопол одлучи дека понудата е многу ниска. Deutsche Telekom, втората по големина телекомуникациска компанија во Европа е многу мала за да конкурира на долгоречен план во меѓународен апсект, открива Оберман. Операторот со седиште во Бон, кои има филијали во Источна Европа и САД се оценува на 51,7 милијарди евра. Американскиот концерн AT&T Inc со седиште во Далас има пазарна вредност од 187 милијарди долари. Оберман откри дека соработката на Deutsche Telekom со Orange SA за закуп и заедничко искористување на мрежата на некои пазари е само старт и може да служи за модел за други европски компании. Тој не откри дали и како може да се доразвие нивното партнерство. Германскиот оператор и неговиот партенер од Париз заедно го поседуваат најголемиот мобилен оператор во Обединетото кралство, ЕЕ. Нели Крус, европскиот комесар, одговорен за бројниот дневен ред на ЕУ се стреми да го унифицира телекомуникацискиот пазар во регионот. Минатиот месец таа изјави дека тие планови во крајна цел може да доведат до консолидација на индустријата во велиот блок. Оваа година имало 161 зделка насочени кон европските телекомуникации и кабелски компании. Според податоците најголемата придобивка е од страна на Liberty Global Plc, која ја  купи Virgin Media Inc за околу 16 милијарди долари. Vodafone Group Plc, вториот по големина мобилен оператор, го придоби Kabel Deutschland Holding AG за 7,5 милиарди евра. Минатиот месец акционерите на KPN ја одобрија зделката за 8,55 милиариа евра за продажбата на германскиот бизнис на Telefonica SA. Европските телекомуникациски компании се привлечна цел за надворешни инвеститори на континентот за што говори и интересот на Liberty Global кон регионот. Hutchison Whampoa Ltd - најголемиот азиски инвеститор во безжичната индустрија на Европа, оваа година започна соработка за да ги добие акциите на Orange кон австриското одделение. Компанијата со седиште во Хонг Конг се согласи да ги купи акциите на Ирска во Telefonica. AT&T има намера да ја превземе Англиската, Vodafone. Зделките доаѓаат во момент во кој присуството на европски компании на пазарот на телекомуникациски средства паѓа се повеќе. Microsoft Corp. го придоби мобилниот бизнис на поранешниот телефонски гигант Nokia сместен во Финска.  А производителите на опрема Ericsson AB и Alcatel - Lucent SA исто така го чуствуваат зголемениот притисок од страна на кинеските производители. Deutsche Telekom ја зголеми мрежатат во Источна Европа месецов, откако се согласи да го купи GTS Central Europe за 546 милиони евра.  Заживувањето на планот за продажба на T-Mobile US Inc. може да ѝ даде можност за играње на поголема улога во европската консолидација. К.К.