06 Мај, 2024
0.0216

Девет начини да бидете среќни без многу напор

Објавено во: Стил 26 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Едноставноста на овие научно докажани начини да бидете среќни навистина ќе ве изненади. Освен тоа е многу лесно да ги претворите во незаменлив дел од животот.

Донираjте пари

Според студија на бизнис училиштето во Харвард донирање на 500 долари го тера човек да се чувствува толку богат, колку да заработува дополнителни 10 илјади долари.

Други студии пак покажуваат дека донирањето на многу помали суми носи прилично големо задоволство на луѓето. Осигурете се сами колку посреќни ќе се чувствувате ако донирате дури само ситни монети кои ви ги враќаат од супермаркет.

Купувајте си искуства

Трошењето пари на искуства, како на пример билети за концерт, патување или лекција по скијање, ја зголемува среќата повеќе од купување на стоки.

Фалете некој барем еднаш на ден

Обидете да напишете e-mail, SMS или друг текст, со кој ќе пофалите некој. Веднаш ќе се почувствувате посреќни. Направете го секој ден во текот на месецот и ќе ја почуствувате разликата.

Не седете премногу

Жените на средна возраст, кои седат повеќе од 7 часа на ден, е многу поверојатно да ја развијат депресијата од оние кои седат само 4 часа или помалку. Покрај тоа, луѓето кои се поактивни, имаат повеќе социјални контакти со колегите, соседите и друго физичко оптоварување го стимулира лачењето на ендорфин во телото, кој ги брка лошите мисли.

Зачувајте го најубавото за крајот

Кога одите на одмор, со секој нареден ден се чувствувате уште полошо поради претстојниот крај. Затоа зачувајте си нешто посебно за последниот ден. Така во првите денови ќе бидете во очекување и ќе ви остане емоционален спомен од патувањето.

Откажете се привремено од вашата омилена храна

Ако престанете со омилената храна - чоколадо или сладолед - за неколку недели, потоа ќе уживате уште повеќе.

Радувајте се на обичните моменти

Обичните, но пријатни активности, како прошетка од дома до канцеларијата или спонтана прегратка од детето, може да ви донесат повеќе радост отколку тага. Луѓето се забавуваат повеќе кога откријат нова музика која не ја слушале со месеци, или се сетат на стара шега на пријател.

Земете четка за цртање

Ослободете се со уметничките нагони. Ова помага за справување со стресот. Според неодамна спроведена студија, ако луѓето кои штотуку се пензионирале, цртаат еднаш неделно во тек на 10 недели, ќе ја подобрат значително менталната издржливост.

Слушајте музика со посилен бас

Музиката со посилен бас, како We Will Rock You на Queen пример, може да ве натера да се чувствувате енергични, силни и мотивирани.