06 Мај, 2024
0.0228

Девојка болна од рак советува како да ја избегнете страшната дијагноза

Објавено во: Стил 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Саша Фарел има само 23 години и има рак. Сега открива што придонело за тоа да ја добие оваа тешка болест и ве предупредува да не го правите истото. Ви пренесуваме само дел од нејзината исповед која таа ја објави за сајтот „Elite Daily“.

„Во месец февруари оваа година ми беше дијагностициран меланом, кој е метастазиран во четврти стадиум. Никогаш не сум мислела дека тоа е нешто со што ќе се соочам на само 23 години.

Еве ме, речиси заздравувам и живеам во иста соба во куќата на родителите каде и пораснав. Секогаш бев доста внимателна кога станува збор за изложување на сонце. Само еднаш сум била на солариум. Една единствена бемка на мојата глава промени сè.

Го одложував одењето на лекар, бидејќи се плашев, додека не ми кажаа дека повеќе не можам да излегувам надвор. Чувствував дека со моето тело нешто не е во ред. Многумина го немаат овој луксуз, додека не стане предоцна. Кога разбрав што ми се случило целосно го прекинав контактот со сите. Не сакав да ме сожалуваат. Физички се чувствував добро, но психички - бев во тотален хаос.

Се плашев. Не од игли и скалпер, туку од резултатите. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца? Операцијата, која требаше да трае три часа - траеше седум. Ми ги отстранија сите 69 лимфни јазли на левата страна на вратот. Во четири од нив веќе беше се имаше развиено рак. Потоа отидов и на хемотерапија.

Се надевам дека тоа ќе им помогне на сите, да се одлучат навремено да побараат лекарска консултација и преглед. Само еден од пет Американци добиваат дијагноза рак на кожата еднаш во животот. Чувајте ја својата кожа, бидејќи нема можност да се добие друга“ препорачува ова млада и храбра девојка.