19 Мај, 2024
0.0256

Џек Ма: Кинеските копии се подобри од оригиналот

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Алибаба, милијардерот Џек Ма рекол дека фалсификуваната роба е со многу подобар квалитет од оригиналот.

Тој така одговорил на сите критики дека Алибаба продава фалш услуги и стока.

Да потсетиме дека, организацијата за борба против фалсификувана стока ја суспендираше од членството компанијата Алибаба во мај.

Меѓународната коалиција за борба против фалсификување навела дека донела таква одлука после дојавата на „некои компании дека кинескиот гигант на интернет е најголемо продажно место за фалсификувана стока на светот“.

„Лажговците денес се со подобар квалитет и се продаваат по подобра цена од вистинските брендови. Тие производи се прават во целосно исти фабрики, користат исти сировини, но се продаваат под друго име..“, рекол тој во текот на својот говор во седиштето на Алибаба.

Според неговите зборови, многу кинески произведувачи бараат начини да ги продадат своите производи директно на потрошувачите, користејќи го интернет за маркетинг.

„Се промени начинот на работа за брендови. Тоа не се лажни производи, туку се работи за бизнис модел кој ја направи револуцијата во светот“, рекол Ма.

Тој ветил и дека компанијата ќе направи се што е до нив да се запре продажбата на лажни производи но додава дека лажговците и крадци на интелектуална сопственост веќе не може целосно да се контролираат.

Инаку, Алибаба очекува дека бројот на трансакции ќе се зголеми двојно до 2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“