18 Мај, 2024
0.0273

Дигитализацијата да ја донесеме во секој дом, следува постпандемиско заздравување: Методија Мирчев за Фактор

Објавено во: Економија 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Методија Мирчев е извршен директор на А1 Македонија. Компанијата и годинава остана доверлив партнер на корисниците, а Мирчев вели дека и во годината што претстои ќе се стремат кон ефикасен дијалог со сите корисници. Очекува постпандемиско опоравување во кое, како што вели, сите субјекти ќе дадат максимум напори и заложба да се постигне стабилизација на сите полиња.

„Очекувам година која во секоја смисла ќе биде поинаква од оваа што изминува. Она што го научивме досега ќе нѐ зајакне и ќе нѐ направи уште посилни во справувањето со вонредни состојби. Научивме дека можеме да се соочиме со предизвици и да се справуваме со истите, уште повеќе да внимаваме и да се грижиме за здравјето, научивме дека можеме многу брзо да се адаптираме на новонастанати состојби, да купуваме, да се забавуваме он лајн и да работиме од далечина.

Технологијата забрзано и длабоко навлезе во секојдневието на секој поединец и деловен субјект. Придобивките од дигитализацијата што ги согледавме сите, не само што ќе продолжат да живеат и понатаму, туку истите ќе доживуваат напредок и усовршување. Тоа е и нашата мисија во А1 Македонија, да ја донесеме дигитализацијата во секој дом, за секое семејство, за секој деловен субјект, да го направиме секојдневието еднставно и да понудиме алатки за нашите деловни корисници кои ќе го направат водењето бизниси уште поефикасно.

И во годината што претстои ќе се стремиме кон ефикасен дијалог со нашите корисници, се со цел овозможување врвно корисничко искуство.

Следува постпандемиско опоравување во кое искрено се надевам дека сите субјекти ќе дадат максимум напори и заложба да постигнеме стабилизација на сите полиња, вели Мирчев за Фактор. 


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа