02 Мај, 2024
0.0287

Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките ресурси, конкурентноста на една компанија, воопшто нејзиниот развој.

Веќе не се поставува прашањето дали треба да ги инкорпорираме новите дигитални услуги, туку колку брзо и какви сѐ напредни инфрастуктурни решенија и услуги ќе користиме.

Само така ќе го подобриме севкупното работење, работните процеси и операции, ќе ги намалиме трошоците и ќе ги зголемиме перформансите, а со тоа нашиот бизнис ќе биде поконкурентен на пазарот, а услугите подостапни и полесно прифатливи за корисниците.

„Технологијата овозможи луѓето да добиваат информации и да комуницираат многу побрзо од порано. Напредната технологија отвори можности кои засекогаш го променија начинот на кој се води бизнис. Технологијата отвори неограничени перспективи, независно од тоа од каде потекнувате, каков е вашиот професионален бекграунд или искуство. Технологијата може да биде  добра или лоша зависно од корисникот, зависно од тоа дали и како ќе ги искористите нејзините потенцијали”, изјави Тим Кук, извршен директор на Apple, во интервју за документарниот сериски филм Аксиос.

Технологијата го промени начинот на водење бизнис и во нашата земја. Таков е и примерот со компаниите Тинекс, Тиквеш и Еуролинк осигурување, кои користат напредни инфрастуктурни  услуги и решенија од Македонски Телеком, кои скапата и неефикасна ИТ инфраструктура ја заменија со иновативни дигитални решенија, обезбедувајќи непречена работа на својот бизнис, намалување на трошоците и поголема ефикасност. Некои од услугите кои ги користат се:  виртуелен диск за безбедно чување на податоците, што им овозможува целосна приватност и достапност од каде било и во кое било време, дата хостинг центар, виртуелен приватен сервер...и многу повеќе...

Технологијата има огромно влијание на бизнисите. Какво ќе биде, зависи од тоа колку брзо ќе ги прифатите промените. Едно е сигурно, комуникациската технологија оди и ќе оди напред.  На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да останат во игра на постојано растечкиот пазар.


Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа