Дијаметрално спротивни коментари во медиумите во регионот за новата Влада
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2017
„На Балканот сега постојат две ОВК Влади“, со ваков наслов дел од српските медиуми ја пренесуваат веста за формираната нова македонска Влада, повикувајќи се на Спутник.
„Македонија доби нова Влада: Заев премиер шест месеци по изборите“, пишува српскиот сајт Еспресо.
Бугарската Нова телевизија објави дека Македонија веќе го одобри кабинетот на Заев во Скопје. Потсетуваат дека СДСМ беше втора партија на изборите, но со партиите на етничките Албанци создаде мнозинство.
„Заев очекува оставка на јавниот обвинител“, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Радио телевизија Црна Гора информира дека по два дена бурна дебата во Собранието, Македонија доби нова Влада.
Фокс њус од Грција пишува дека Заев доби доверба за Влада.