ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Oд Државната изборна комисија(ДИК) на прес - конференција денеска изјавија дека до 9 часот од 1.009 избирачки места, гласале 22.797 лица, односно 4.17 отсто.
Најголема излезност за претседателските има во Пробиштип над 8 отсто, а најмала во Боговиње 0.57 отсто.
За парламентарните најголема излезност има во Кривогаштани, а најмала во Боговиње.
Александар Даштевски кажа дека на неколку места имало технички проблеми, кои се решаваат, односно гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Такви гласачки места има во Тетово, Куманово, Кочани и Гази Баба. Имало приговори за избирачко право и тоа 15. Од нив 3 се одбиени. Во 11 и 30 часот ќе има нови податоци за излесноста.